Замина „логото“: Легендарниот Џери Вест почина на 86 годишна возраст

Човекот кој беше инпсирација за НБА логото, почина денес на 86 годишна возраст, објавија Лос Анџелес Клиперс.

Вест беше главна компонента на кошарката за осум децении, освојувајки девет шампионати како играч, скаут, тренер, извршен директор и консултант.

Беше креатор на 10 титули на ЛА Лејкерс од 1980 до 2000 година и советник во династијата на Голден Стејт.

Многу пред тоа што Вест се етаблираше како веројатно најголемиот генерален менаџер во НБА историјата,беше меѓу првите суперѕвезди во лигата.

Освои една титула во девет НБА финалиња, трагично губејки шест серии од Бостон Селтикс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО