„Волците“ потпишаа нов договор со Гомеш

Англискиот фудбалски состав Вулверхемптон соопшти дека ја продолжил соработката со Тоти Гомеш. 25-годишниот дефанзивец ќе остане на стадионот Молине до крајот на сезоната 2028/29.

Португалскиот репрезентативец во 2020 година го напушти Есторил и се пресели во Англија. Тој во еден период настапуваше како позајмен играч во швајцарскиот Грасхоперс.

Вулверхемптон со 32 бода го има десеттото место во Премиер лигата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО