Во сообраќајка полесно повредени децата на Хари Кејн

Трите најстари деца на фудбалерот на Баерн Михен и на Англија, Хари Кејн пренесени се во болница со полесни повреди по сообраќајната несреќа во Германија.

Несреќата се случила во понеделникот попладне во близината на Минхен. Локален волонтерски шеф на пожарникарите, за „Би-би-си“ изјавил дека сите инволвирани имале „многу среќа“, и оти никој посериозно не е повреден.

-Тие се добро, беа во болница само на рутински преглед, изјавил портпаролот на Кејн.

Баварската полиција соопшти дека возилото Рено со четири лица се превртело при судирот со Мерцедесот во кој биле децата на Кејн, на возраст меѓу три и седум години. Реното потоа се судрило и со Ленд Ровер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО