Во Ливерпул ги чекаат резултатите од скенерот за Конате

Ливерпул се уште не може да смета на Ибрахим Конате. Ова го сподели Јирген Клоп кој одржа прес-конференција пред неделното дерби против Манчестер Сити. Централниот бек го напушти мечот со Спарта Прага (5:1) од Лигата на Европа во 51. минута откако му беше укажана лекарска помош.

„Џо Гомес е свеж и здрав, за Ибрахим Конате, не знам. Вчера беше позитивен и почувствува дека ја донел вистинската одлука во вистинско време за да излезе. Сепак, не можеме да знаеме што значи ова во моментов.

Веќе е скениран, но сè уште ги немаме резултатите. Сите останати се добро“, сподели Клоп пред неделното дерби.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО