Во Интер разочарани од елиминацијата: Поразени сме, но им реков на момците..

Фудбалерите на Интер синоќа го завршија своето учество во ЛШ за оваа сезона.

„Нераѕурите“ откако беа поразени во Мадрид со 2:1, тоа ги однесе во продолженија, а на крај и кон пенали, кои поради несреќен сплет на околности, ги загубија, па се простија од Европа.

Видно нерасположени и разочарани, играчите на Интер во придружба на нивниот тренер Симоне Инѕаги, се повлекоа кон соблекувалните, а тренерот ги понуди импресиите по мечот.

– Ова е големо разочарување за клубот и цело семејство на Интер. Но им реков на момците дека треба да бидат горди на себе поради ова патешествие во ЛШ сезонава. Бевме непобедени на осум натпревари и тоа е добар податок. Го имавме мечот под контрола и потоа се случи еден гол во финишот кој го промени исходот. Направивме многу грешки и тука беше разликата во корист на Атлетико Мадрид, порача Симоне Инѕаги.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО