Во Ф1 е крајно интересно: Карлос Саинц од Ферари – оди кај најголемиот ривал?!

Менаџерот на Карлос Саинц наводно отпочнал преговори со Мерцедес, за евентуален трансфер на шпанскиот возач во Мерцедес идната сезона.

Познато е дека Луис Хамилтон ќе биде дел од гаражата на Ферари идната сезона, а со тоа ќе биде испразнето неговото место во германскиот тим.

Италијански новинар од Кориере дело Спорт известува дека преговорите веќе биле почнато и дека Саинц веќе се сретнал со управата на Мерцедес, со цел да најдат заеднички јазик за трансфер.

– За време на ГН на Саудиска Арабија, цел тим на Карлос Саинц долго зборуваше со Мерцедес во нивната гаража, договорот на Саинц истекува на крајот од сезоната, па затоа неговиот менаџер Карлос Онорио беше во друштво на таткото на Саинц, кои што разговараа со Тото Волф во гаражата на Мерцедес, се тврди во споменатиот медиум.

Освен Карлос Саинц како опција, Мерцедес е отворено уште и за Фернандо Алонсо, Себастијан Фетел, па и младиот талент Андреа Кими Антонели.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО