ЛШ: Познати четвртфиналистите, ждрепката утре напладне

По одиграните осминафинални натпревари, познати се осумте четвртфиналисти во елитната Лига на шампиони (ЛШ) во фудбал.

Пласман во четвртфиналето обезбедија три екипи од Шпанија, по две од Англија и од Германија и една од Франција. Тоа се Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Барселона, Манчестер сити, Арсенал, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и ПСЖ.

Мало изненадување претставува тоа што во завршницата нема тимови од Италија чии претставници, Интер, Лацио и Наполи беа елиминирани во осминафиналето.

Гигантите на европскиот клупски фудбал сега ги чека ждрепката за четвртфиналето која ќе се одржи утре напладне во Нион.

Тоа ќе биде отворена ждрепка што значи дека меѓусебе ќе можат да играат тимови од иста земја и тимови кои претходно играле во групната фаза. Бидејќи ждрепката е полудиригирана ќе бидат познати и двојките за полуфиналето.

Првите четвртфинални натпревари ќе се играат на 9/10-ти, а реваншите на 16/17 април.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО