Франција – Шведска и Данска – Германија се утрешните полуфинални двојки на Европското првенство (ЕП) во ракомет во Германија, во арената „Ланксес“ во Келн (капацитет од 19.750 места).
За петтото место, исто така во петок, ќе разигруваат Словенија и Унгарија.
Финалето и мечот за третото место ќе се играат во недела.
На последниот ден од мечевите во групната фаза, Хрватска ја совлада Германија со 30:24, но тој натпревар немаше никакво резултатско значење бидејќи Германците беа сигурни полуфиналисти, благодарение на победите на Исланд над Австрија (26:24) и на Франција против Унгарија (35:32).
Од мечот Хрватска – Германија ќе се памети одличниот голман, младиот 21-годишен Доминик Кузмановиќ, кој имаше дури 22 одбрани или 48 настотна успешност.
Кузмановиќ, играчот на натпреварот, кој настапи на само пет натпревари на ова ЕП се најде на седмото место во генералниот пласман со вкупно 55 одбрани или во просек 11 по натпревар.