Финале на Лига купот: Челси – Ливерпул, реприза од 2022-та

Ливерпул резимираше на гости против Фулам (1:1, вкупни 3:2) во реванш полуфиналниот меч во Лига (Карабао) купот  што беше доволно за пласман во финалето.

Противник на Ливерпул во финалето на „Вембли“ на 25 февруари ќе му биде Челси кој во полуфиналето го елиминираше  Мидлсбро со 6:2.

Тој меч ќе биде реприза на финалето од пред две години што го доби Ливерпул, на пенали, откако по 120 минути игра немаше голови.

Ливерпул кој е науспешен во ова натпреврување со девет триумфи ќе го игра 14-то финале. Челси, петкратниот освојувач на Лига купот, последен пат во 2015-та, по 10-ти е во финалето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО