Во Баерн се уште се калкулира кој по Тухел: Мурињо или Конте?!

Томас Тухел е блиску до отказ во Минхен, бидејки резултатите не му одат во прилог.

Баерн Минхен сезонава ја има најтешката криза во Бундеслигата, а сето тоа се засили по последниот пораз на гостувањето кај Бохум.

По низата шпекулации околу тоа дали и кога би добил Томас Тухел отказ во Баерн Минхен, се појавуваат неколку имиња на хоризонтот како потенцијални нови тренери на баварскиот клуб.

За Баерн Минхен ќе биде да донесе квалитетно решение и стратег, бидејки нивните приоритети се високи секоја сезона, но очигледно имаат проблем и дома и во Европа.

Антонио Конте и Жозе Мурињо се веќе имињата кои кружат низ медиумите како потенцијални наследници на Тухел, а во прилог оди и тоа што и двајцата во моментов се слободни.

Мурињо доби отказ во Рома пред неколку недели, додека Конте е без клуб скоро една година, па останува да се види кој може да ја добие војната во овој дуел и дали всушност ќе има трета опција на крајот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО