ЛШ: Интер со гол предност патува во Мадрид, во Ајндховен нерешено

Интер успеа да обезбеди минимална предност во првиот натпревар од осминафиналето во ЛШ, против составот на Атлетико Мадрид.

Иако еден гол, на крајот може да биде клучен, зависно од тоа како ќе се одвиваат работите во реваншот во Мадрид.

На оваа средба, двете екипи играа, пред се’, претпазливо, чувајки ја својата мрежа, па некако срамежливо се обидуваа да дојдат до спротивниот. Клучниот момент се случи во 79. минута, кога Марко Арнаутовиќ го матира гостинскиот голман за 1:0.

Домаќините очигледно беа подоминантна страна на оваа средба, имаа повеќе шанси и подобар проток на топка во играта, но не постигнаа гол повеќе за да бидат мирни во реваншот, вака се е отворено и во Мадрид овој натпревар ќе биде крајно интересен.

На вториот осминафинален натпревар вечерва, ПСВ и Дортмунд одиграа без победник (1:1), овде први поведоа гостите преку Мален во 24. минута, додека изедначувањето дојде во вториот дел кога Де Јонг стрелаше од пенал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО