Халанд се врати, навистина се врати: Сити тешко до бодовите против Брентфорд

Манчестер Сити успеа некако да го скрши отпорот на тимот на Брентфорд и да остварат минимална победа за важни три бода.

Иако домаќините доминираа во поголемиот дел од натпреварот, Брентфорд успешно се бранеше 70 минути, па во 71. минута Ерлинг Халанд успеа да го скрши отпорот на гостите со гол кој на крајот се покажа како клучен.

Сити имаше многу зрели шанси и можеше да постигне уште некој гол до крајот на средбата, но сепак остана до крајот на 1:0.

Со овие бодови „граѓаните“ ја продолжуваат битката со Ливерпул за тронот во Премиерлигата. По ова коло и со овој триумф, заостануваат бод зад тимот на Јирген Клоп.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО