Влезниците за дербито Еурофарм Пелистер – Вардар распродадени за два дена

Билетите за „вечното“ македонско ракометно дерби, Еурофарм Пелистер – Вардар, во рамките на првото коло од плеј-офот во Суперлигата, според очекувањата, на четири дена пред мечот се распродадени, пренесува „Битолањуз“.

Билетите по цена од 200 и 250 денари се продадоа за само два дена. Тоа значи дека салата „Боро Чурлевски“ во Битола, во сабота (мечот почнува во 18 часот) ќе „гори“.

Се очекува публиката да даде голем придонес во победата на “пелистерци“ на отворањето на пролетниот дел од сезоната, и во првата посериозна битка во борбата за титулата, објави клубот од Битола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО