Вирџил ван Дајк, капитенот на Ливерпул: Целосно сум му посветен на клубот

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк (32), изјави дека му е „целосно посветен“ на клубот по некои дезиинформации дека и тој би можел да го напушти „Енфилд“ на крајот од сезоната.

Холандскиот дефанзивец во понеделникот изјави дека не е сигурен дали ќе биде дел од ерата на клубот по Јирген Клоп кој минатиот петок објави дека по речиси девет години, на крајот од сезоната, ги напушта „црвените“.

Но, Ван Дајк, кој дојде во Ливерпул од Саутмптон во јануари 2018 година, рече дека неговите претходни коментари биле „извадени од контекст“.

На прашањето дали се гледа себеси како дел од следната ера, Ван Дајк, чиј договор со Ливерпул истекува во летото 2025 година, рече: „Тоа е големо прашање. Не знам што ќе се случува“.

Но, потоа тој се обиде да ги разјасни тие изјави за подкастот на „Мен ин блејзерс“.
– Да бидам 100 насто јасен, јас сум му целосно посветен на клубот. Го сакам клубот, ги сакам навивачите. Тоа е целосно извадено од контекст, рече Ван Дајк.

Помошниците на Клоп, Пепијн Лијндерс и Петер Кравиц, исто така, ќе го напуштат клубот. Договорите на напаѓачот Мохамед Салах и на дефанзивецот Трент Александер-Арнолд исто така истекуваат во 2025 година.

Ливерпул продолжува да се бори на четири фронта сезонава и ќе се обиде крајот од мандатот на Клоп да го одбележи со освојувањето трофеи.

„Црвените“ се лидери во Премиер лигата (вечерва играат дома против Челси), стигнаа до финалето на Лига купот и до осминафиналето во Лига Европа (ЛЕ) и во ФА купот.

– Мојот целосен фокус е да се осигурам дека сезонава може да биде многу посебна. Очигледно објавата на Клоп предизвика големо внимание последниве денови. Тоа беше шок за сите нас во клубот, вели Ван Дајк.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО