Во големото дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона, кое „кралевите” го добија со 2:1, централната фигура не беше само резултатот, туку реакцијата на Винисиус откако беше изваден од игра.
Во 72. минута, шпанскиот стратег Алонсо го повлече од терен 25-годишниот Бразилец и таму започна драмата. Винисиус се покажа изразито незадоволен: гласно негодуваше, не се поздрави со тренерот и право замина во свлачионица.
Алонсо, на прес-конференција по натпреварот, сепак го одбра одредениот тон:
-Во свлачионицата е важно сите да бидат подготвени да придонесат — било на теренот или надвор од него. Различни личности — тоа мора да се разбере.“
Исто така, додаде дека ќе разговара со Винисиус, но не сака да дозволи вакви реакции да ја преовладуваат екипата.
Оваа сцена доаѓа во време кога Винисиус веќе е предмет на шпекулации за неговата улога во тимот и статусот, и каде што Алонсо јасно испрати порака дека никој во тимот не е недопрвен — без разлика на статусот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: