Екипата на Рајо Ваљекано за која игра нашиот репрезентативец Столе Димитриевски во рамки на 21. коло од Ла Лига претрпи пораз од Лас Палмас со 2-0.
На конечниот исход на мечот кумуваше и катастрофалната аматерска грешка на Димитриевски во 34. минута од мечот по која гостите поведоа со 1-0.
Молеиро ја искористи грешка на Столе и лесно ја испрати топката во мрежата на Рајо.
— follow @Sajdlik667 for other goals (@footgoals63) January 20, 2024
Печат на мечот и конечниот резултат стави Хавиер Муњоз со гол во 83. минута