(Видео) Спектакл на „Ваљекас“ – Реал губеше, па водеше, на крајот освои бод

Фудбалерите на Реал Мадрид на „Ваљекас“,одиграа нерешено 3:3 (2:2) со Рајо Ваљекано во 18. коло од Ла Лига.

Реал губеше со 0:2, успеа да направи пресврт на 3:2, домаќинот се врати, а во последните секунди дури имаше шанса да победи, но Тибо Куртоа успеа да го спаси „кралскиот клуб“.

Ваљекано ги шокираше гостите од Мадрид во 4. минута, кога Лопес погоди за 1:0. Реал тешко излегуваше на крај со високиот преинг и агресивната игра на домашните фудбалери. Во 36.минута Мимин погоди за 2:0.

Сепак Реал до крајот на првиот дел успеа да се врати во натпреварот. проектилот на Вачверде во 39. минута заврши зад грбот на Батаља, а во 45.минута Белингем израмни во 45. минута. Англичанецот погоди и на шестиот натпревар по ред.

Во вториот дел, Реал напраци целосен пресврт во 56.минута. Родриго со малку среќа успеа да ја смести топката во голот. Осоум минути подоцна Иси Паласон изедначи на 3.3.

До крајот Реал ја контролираше играта, но успеа да дојде до само една голема шанса. Ударот на Винисиус во 83.минута го одбрани Батаља.

Во последните секунди Куртоа спречи победа на Рајо кога го одбрани обидот на лежен од слободен удар.

Реал со ист број одиграни натпревари како Барселона има бод помалку од Каталонците.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО