ВИДЕО: Само бод за Јувентус на гостувањето кај Лече

Eкипата на Јувентус по 14 кола во Серија А се уште е без пораз, но тимот од Торино се наоѓа на шестата позиција големиот број нерешени средби, денеска против Лече го одиграа осмиот натпревар без победник (1:1).

Како и во поголем дел од натпреварите на Јувентус сезонава во првото полувреме не видовме речиси ништо, па резултатот не се промени.

„Старата дама“ до водство дојде со голот на Камбијасо во 68. минута и изгледаше дека ќе дојде до планираните три бода.

 

Сепак, поранешниот фудбалер на Милан,Анте Ребиќ во третата минута од судиското продолжение постигна гол со кој донесе бод за својот тим.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО