(ВИДЕО) Роналдо со феноменален гол до рекорд што веројатно никогаш нема да биде соборен

Португалија ја победи Република Ирска со 3:0 во последната контролка пред Европското првенство (ЕП). Првиот гол го постигна Жоао Феликс (18), а потоа 39-годишниот Кристијано Роналдо, даде уште два гола (во 50 и 60 минута).

Првиот гол на Роналдо беше одличен. Откако се намести на послабата, лева нога, тој од околу 15 метри дијагонално од десната страна ја заби топката во спротивниот агол. За вториот гол по одличниот продор му асистираше Диого Жота.

Роналдо дополнително го подобри својот рекорд според бројот на дадени голови за репрезентацијата, 130, и тоа на рекордни 207 меча. Роналдо има постигнато вкупно 895 гола во кариерата.

Но, првиот гол е историски. Со него Роналдо стана првиот играч во историјата кој постигнал гол за националниот тим во 21 различна година. Првиот гол го постигна на ЕП 2004-та, прво за него во кариерата, против Грција. Сега, по чудесниот голгетерски подвиг, го чека настап на шестото ЕП.

Прв противник на Португалија во групата ќе и биде Чешка, на 18 јуни. Потоа е дуелот со Турција, на 22 јуни, а во 3. коло против Грузија, на 26 јуни.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО