Тртетиот светски тенисер, Шпанецот Карлос Алкараз доживеа неочекуван пораз во 2. Коло на турнирот во Синсинати, САД, од 37-годишниот француски ветеран, Гаел Монфис. Ова беше прв турнир за Алкараз откако го освои среброто на Олимписките игри (ОИ) во Париз и поразот во финалето од Новак Ѓоковиќ.
Алкараз го доби првиот сет со 6:4, но мечот беше прекинат поради дожд при 6:6 во вториот сет. Во продолжението, следниот ден, Монфис го доби тај-брејкот, а потоа и третиот сет со 6:4. Младиот Алкараз во еден момент од натпреварот очигледно ги загуби нервите. Французинот направи брејк, а Алкараз со сета сила неколкупати бесно удираше со рекетот додека целосно не го искриви.
https://twitter.com/edgeaiofficial/status/1824516377920802851