Несакани, мачни, силеџиски сцени на завршниот турнир во јуниорска конкуренција во Белград ја згрозија српската спортска јавност.
Кошаркарите на Реал Белград ја постигнаа првата победа на крајот од турнирот во Лигата на квалитет, победувајќи ја Визура со 74:73, но инцидентот по натпреварот ја засени прикажаната кошарка.
Откако сирената означи крај на мечот, играчите се собраа на центарот за да се ракуваат. Меѓутоа, настана конфликтна ситуација меѓу поединци, што се претвори во општ хаос.
Дошло и до голема тепачка меѓу играчите на двата тима, на теренот набрзо се нашол и Милан Гуровиќ, човекот по чие име е наречена салата во која се одигра натпреварот, воедно и сопственик на Реал Белград.
Гуровиќ, светскиот шампион од САД 2002 година со СР Југославија (Србија и Црна Гора) без дрес влетал на паркетот, на почетокот ги раздвојувал играчите и луѓето на теренот, но потоа и тој се вмешал во конфликтот.
Летале тупаници на сите страни, од немилите сцени сите се згрозени, а дел од тоа што се случувало се гледа и на видео снимката.
AHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHAHA ALI GUROVIĆ pic.twitter.com/VIXDrNVfc7
— sara (@dantes_circles) May 16, 2024