Иван Перишиќ, ветеранот на ПСВ Ајндховен влезе во историјата во Лигата на шампионите.
Перишиќ го постигна првиот гол за ПСВ, во реваншот против Јувентус во 53.минута. Хрватскиот ветеран беше стрелец и на првиот натпревар во Торино со што стана највозрасниот фудбалер кој постигнал по гол во два последовни натпревари во нокаут фазата во Лигата на шампионите.