(ВИДЕО) Незаборавен пречек за Видал: Тој слета со хеликоптер на стадионот, заврши на коњ и заплака од среќа!

Чилеанците му приредија незаборавен пречек на „повратникот“ Артуро Видал. Пред една недела тој официјално стана член на Коло Коло, неговиот матичен клуб, а вчера беше претставен на стадионот „Монументал“ во Сантијаго, на кој се собраа повеќе од 35.000 луѓе.

„Кралот Артуро“ се појави на теренот во ретко видено издание! Тој слета со хеликоптер, облечен во дресот на својот сакан клуб, и беше пречекан со громогласни овации од трибините.

Кога слета, го пречекаа капитените на јуниорските селекции на клубот, како и Уго Гонзалес, еден од најважните тренери на почетоците од неговата кариера.

Видал, поранешната ѕвезда на Јувентус, Баерн, Барселона и на Интер, беше облечен како средновековен крал, со наметка, со круна и со мечот. Тој седнат на коњ јаваше по тревникот додека неговите обожаватели френетично му скандираа.

– Сакам да им се заблагодарам на сите кои ме пречекаа, му благодарам и на Бога што ми ја даде оваа можност. Не можам да зборувам, преплавен сум од емоции, изјави Видал не можејќи да ги задржи солзите.

Артуро Видал кој има 36 години е апсолутна легенда на Чиле. За репрезентацијата одигра 142 натпревари и постигна 34 гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО