Почетокот на Светското првенство е многу блиску. Една од главните теми овие денови во Бразил, а и низ целиот свет, е настапот на Нејмар на Мундијалот.
Не беше познато дали Бразилецот ќе биде на списокот на патници на Светското првенство, но тренерот Карло Анчелоти ги израдува своите фанови и го вклучи во составот. Нејмар дојде во тренинг кампот на репрезентацијата со стил, со хеликоптер.
Neymar is 𝐁𝐀𝐂𝐊 with the Brazil squad 😍🇧🇷
🎥 @canalwamo pic.twitter.com/JAC4FrJv0d
— 433 (@433) May 27, 2026
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како најголемата ѕвезда на Бразил доаѓа во тренинг кампот со својот приватен хеликоптер. Нејмар им објасни на сите што значи да се пристигне со стил и веројатно само нему му е дозволено да прави такви работи.
Бразил е во групата Ц заедно со Хаити, Мароко и Шкотска.