Минесота тимбервулфс се првиот четвртфиналист во НБА плеј-офот, откако во четвртиот натпревар од првото коло го совлада Феникс санс со 122:116, оставајќи ги без ниту една победа во плеј-офот!
Тоа е голем неуспех на фаворизираниот Санс, кои составија супер тим сезонава, барем во однос на високите договори, но на крајот доби „метла“, односно беше елиминиран со „нула“, со 4:0.
„Сонцата“ ги составија Кевин Дурент, Девин Букер и Бредли Бил, тројца играчи од ѕвезден калибар, но не успеаја да го избалансираат тимот за да биде конкурентен за титула.
Во четвртиот и последен натпревар од серијата одличен беше Ентони Едвардс кој постигна 40 поени, 7/10 тројки, плус девет скока и шест асистенции. Карл Ентони Таунс постигна 29 поени со 10 скока за Тимбервулфс. Кај Феникс одличен натпревар одиграа Девин Букер, кој постигна 49 и Дурент 33 коша.
Њујорк никс ја победи Филаделфија сиксерс со 97:92 и поведе со 3:1 во серијата во Источната конференција. Џејлен Брунсон беше главна ѕвезда за Никс, постигнувајќи 47 поени и 10 асистенции, а неговиот тим се врати по поразот во третиот натпревар.
Брансон стана првиот играч во историјата на историјата на Никс кој постигнал најмалку 30 поени и 10 асистенции на два последователни натпревари во плеј-офот.
Индијана пејсерс го совлада Милвоки бакс во четвртиот натпревар, со 126:113 и поведе со 3:1. Милвоки е без најдобриот играч, Јанис Антетокунмпо кој е повреден и без него, тоа е сосема поинаква и послаба екипа.
Кошаркарите на Индијана погодија 22/43 тројки. Центарот, Мајлс Тарнер го одигра најдобриот натпревар во серијата, постигна 29 поени (погоди седум тројки), девет скока и четири асистенции. Одличен беше и плејмејкерот, Тајрис Халибартон, кој постигна 24 поени негов личен рекорд во кратката плеј-оф кариера.
Кај Бакс најдобар беше Брук Лопез со 27 поени и девет скока, а Крис Мидлтон постигна 2,5 со 10 скока и пет асистенции.