Фелер навива за Рангник: Тој е одлично решение

Членот на управата на Баерн Минхен, Макс Еберл, изјави дека клубот нема да донесе одлука кој ќе го замени Томас Тухел пред да заврши полуфиналето од Лигата на шампиони (ЛШ) во фудбал против Реал Мадрид.

Деновиве се појавија гласини дека една од опциите за нов тренер на Баварците, е Ралф Рангник, на што реагираше и спортскиот директор на Германската фудбалска федерација, Руди Фелер.

– Ралф го сметам за апсолутно врвен тренер, за фудбалски стручњак кој отсекогаш имал големи успеси со начинот на кој ги води тимовите, изјави Фелер за „ТВ Велт“.
Рангник е актуелен селектор на австриската репрезентација и има договор до 2026 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО