(ВИДЕО) НБА лига: Лука Дончиќ рекордерски на својот роденден

На 25-от роденден, Лука Дончиќ брилјираше на мечот Далас – Торонто, 136:125, забележувајќи трипл-дабл ефект, 30 поени, 16 асистенции и 11 скока.

Тоа беше 11-ти трипл-дабл сезонава за најдобриот стрелец во НБА, но овој е двојно историски.

– Дончиќ стана првиот играч во историјата на лигата кој забележал трипл-дабл со 30 поени на својот роденден. За Дончиќ ова е 39-ти трипл-дабл со 30 поени во кариерата, со што го надмина Леброн Џејмс во оваа категорија и го држи третото место на вечната листа, наведува НБА на официјалните профили.

Дончиќ го престигна Џејмс иако одигра значително помалку натпревари во НБА од него.

Пет играчи со најмногу трипл-дабл со 30 (и повеќе) поени во историјата на НБА се:

Оскар Робертсон – 106  (на 1.040 натпревари)

Расел Вестбрук – 48 (1.150 натпревари)

Лука Дончиќ – 39 (381 натпревар)

Леброн Џејмс – 38 (1.472 натпревари)

Џејмс Харден – 35 (1.051 натпревар)

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО