(ВИДЕО) Најлош натпревар на Ливерпул под водство на Клоп!

Ливерпул претрпе шокантен пораз на домашен терен на „Енфилд“, од Аталанта (0:3) во првиот четвртфинален натпревар во Лига Европа (ЛЕ). Во крајно фрустрирачката вечер, Ливерпул одигра лошо, под секое ниво, играчите делуваа тромо, многу грешеа, за што беа казнети. Додуша „црвените“ имаа неколку изгледни шанси, но не ги реализираа.

Ливерпул плати висока цена за лошиот настап, а менаџерот Јирген Клоп изгледаше збунето по последниот судиски свиреж. За Клоп кој уживаше во неколку неверојатни европски ноќи под светлата на „Енфилд“ во деветте години, ова може да биде последен европски натпревар на домашен терен.

Клоп немаше никакво оправдување за поразот, и се надева дека не е нешто позагрижувачки.

– Тоа беше лош натпревар, така е. Многу работи вечерва беа навистина „уф, леле, не знаев дека можат така да играат“. Многу играчи изгледаа како да се сами на теренот во многу моменти. Бевме насекаде, но и никаде. Нашиот среден ред беше развлечен. Не го препознав тоа веднаш, навистина беше чудно, изјави Клоп по мечот.

Но Ливерпул има богата историја на пресврти по негативата од првиот натпревар во европските натпреварувања и Клоп и неговите играчи сè уште веруваат дека можат да ја спасат ситуацијата.

– Можеме ли да се вратиме? Да. Ако играме добро, можно е. Можеме ли да победиме со 3:0? Немам идеја, вели Клоп.

Ливерпул нема многу време за опоравување од овој неуспех. Натпреварите доаѓаат брзо, најпрвин со Кристал палас, на „Енфилд“ во недела (14 часот). Потоа „црвените“ заминуваат во Италија за да се обидат да спасат ако може нешто да се спаси, по што следуваат три последователни гостувања во Премиер лигата во една недела, против Фулам, Евертон и Вест хем.

Капитенот на „црвените“ Вирџил ван Дајк рече дека е важно да не се реагира претерано.

– Ако не веруваме, нема смисла да одиме во Италија. Ние си направивме да биде многу тешко за нас, бидејќи загубивме со 0:3. Но, начинот да се вратиме е да победиме викендов. Потребно е сите да се ресетираме. Потоа можеме да се фокусираме на постигнување најмалку четири гола таму, додаде дефанзивецот на Холандија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО