(Видео) Мурињо доби жолт картон поради лаптопот

Фудбалерите на Фенербахче како гасти славеа над Аланија со 2:0. По овој натпревар Фенербагхче е втор на табелата со 16 поени, три помалку од Галатасарај.

Натпреварот го одбележа Жозе Мурињо кој смисли нов начин како да го испровоцира главниот судија и да добие жолт картон. Во 78.минута, незадоволен од една судиска одлука, темпераментниот Португалец, пред една од камерите на лаптоп ја пушти според него спорната ситуација. Главниот судија Џихан Ајдин, веднаш му покажа жолт картон.

Фенербахче победи со головите на Душан Тадиќ во 63. минута и Кевин Талисон (автогол) во 81. минута.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО