„Луд“ реванш меч во осминафиналето на Лига Европа (ЛЕ), одиграа Баер Леверкузен и Карабаг, 3:2 (првиот меч заврши 2:2).
Во 62. минута при водство на гостите со 1:0, англискиот судија Ентони Тејлор му покажа жолт картон на гостинскиот играч Елвин Џафаргулиев.
Но, по интервенција на ВАР-от, тој ја прегледа снимката и го повика азербејџанскиот дефанзивец. Тој му објасни дека го поништува жолтиот картон, на што Џафаргулиев воодушевен и возбуден му даде „петка“. Но потоа следуваа најинтересните мигови.
Тејлор при прегледување на снимката утврдил дека Џафаргулиев прекршокот врз играчот на Баер го направил како последен играч во одбраната и наместо жолт му покажа црвен картон. Вирална стана сцената на која Џафаргулиев во секунда минува од еуфорија во депресија.
Но пет минути подоцна Карабаг го зголеми резултатот на 2:0 и покрај тоа што остана со играч помалку. Сепак, Баер до крајот на судиското продолжение, успеа да направи чудесен пресврт со двата гола на Патрик Шик, во 90+3 и во 90+7 минута, и да се квалификува во четвртфиналето.
Ливерпул ја прегази Спарта Прага, победувајќи ја со 6:1 (во првиот меч со 5:1)! „Црвените“ кои по 14 минути игра водеа со 4:0 ја остварија најголема збирна победа во европските натпреварувања, израмнувајќи го триумфот од 11:2 над Олун Палосеура од Финска во првото коло од тогашниот Куп на европските шампиони (КЕШ), во 1980/81-та.
Покрај Баер и Ливерпул во четвртфиналето на ЛЕ се пласираа Бенфика, Милан, Марсеј, Вест хем, Аталанта и Рома. Ждрепката за четвртфиналето и за полуфиналето е закажана за денеска во 13 часот.
When you want to high five the referee for canceling the yellow card, but he pulls out a red one 😄 pic.twitter.com/rZcYbJlFb8
— Football Laughs (@FootballLaughss) March 14, 2024