Лига на конференции: Динамо и Ристовски со „петарда“ се враќаат од Солун

Динамо во првите 45 минути од реванш осминафиналниот меч во Лигата на конференции (ЛК) против ПАОК во Солун изгледаше како нисколигаш на туристичко патување низ Грција.

Играчите на  Динамо практично не играа во првото полувреме и ПАОК замина на одмор со (пре)лесни три гола предност, пишува Спортске новости.

Динамо го претрпе еден од најтешките порази на евро-настапите (1:5) и неславно се збогуваше од ЛК иако првиот меч во Загреб го доби со 2:0.

Наместо европска пролет, „модрите“, во чиј тим беше и македонскиот интернационаец, Стефан Ристовски, почувствуваа поларна зима во Солун!, додава Спортске новости.

Динамо се врати во продолжението од мечот, надежта ја разбуди раниот гол на Хоџа за 1:3, која ја „згасна“ голманот Котарски со двете мајсторски одбрани.

Потоа, „модрите“ повторно играа во „втора брзина“, правеа премногу грешки во средниот ред и во одбраната, тешко стигнува до голот на противникот. На другата страна на домаќинот му оставаа преголем простор за игра. Тоа резултираше со уште два гола за горчлива и болна „петарда“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО