(ВИДЕО) Квалификации за ЕП во фудбал: Босанците во шок, Украинците до пресврт за три минути

По полуфиналните плеј-оф натпревари за пласман на Европското првенство (ЕП) во фудбал, познати се шесте репрезентации кои ќе имаат по уште една шанса (во вторник) да се најдат на финалниот турнир во Германија летово (од 11 јуни до 11 јули).

Во првото плеј-оф финале, во вторник во Кардиф, Велс ја пречекува Полска, откако во полуфиналните дуели убедливо ги победија Финска, односно Естонија.

Најголемата драма се одвиваше во Зеница, каде што Босна и Херцеговина за три минути (во 85 и 88-та) го „прокоцка“ водството против Украина. Со ова продолжи проклетството на дополнителни квалификации за БиХ, која по четврти пат е елиминирана во оваа фаза.

Исланд на неутрален терен, во Будимпешта го победи Израел со 4:1. Украинците ќе бидат домаќини на финалниот меч со Исланд, во Вроцлав, Полска.

Третиот финален плеј-оф натпревар Грузија – Грција ќе се игра во Тблиси. Во полуфиналето Грузијците го победија Луксембург, а Грција дома, Казахстан.

Плеј-оф, А: Полуфинале: Велс – Финска 4:1, Полска – Естонија 5:1

Финале: Велс – Полска

Плеј-оф, Б: Полуфинале: БиХ – Украина 1:2, Израел – Исланд 1:4

Финале: Украина – Исланд

Плеј-оф, Ц

Полуфинале: Грузија – Луксембург 2:0, Грција – Казахстан 5:0

Финале: Грузија – Грција

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО