(ВИДЕО) Феноменалниот Дуплантис побрз од Ворхолм на 100 метри

Светскиот рекордер во скок со стап, Швеѓанецот Арманд Дуплантис го победи актуелниот светски рекордер на 400 метри со пречки и златниот медалист од Европското првенство (ЕП) во сала на 400 метри, Норвежанецот Карстен Ворхолм во егзибициската трка на 100 метри. Двајцата истрчаа лични рекорди во Цирих.


Дуплантис, „чудото“ во дисциоплината скок со стап кој пред неполни две недели по 10-ти пат во кариерата го собори светскиот рекорд прескокнувајќи 6,26 метри на Олимписките игри (ОИ) во Париз, водеше во трката од почеток до крај.

Тој 100-те метри ги истрча за 10,37 секунди, а Ворхолм за 10,47 секунди. Со овие резултати и двајцата би го минале првиот квалификациски филтер во трката на 100 метри на Игрите во Париз.

Најдоброто време на Дуплантис на 100 метри досега изнесуваше 10,57 секунди, истрчано во средно училиште, во 2018 година. Ворхолм, освојувачот на сребрениот медал на годинашното Светско првенство (СП) во сала на 400 метри, го подобри личниот рекорд на 100 метри од 2017 година за 0,02 секунди.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО