Лука Дончиќ долго ќе ја памети победата на Далас над Детроит од 142:124. Словенецот стана првиот играч во НБА историјата кој на шест последователни натпревари остварил трипл-дабл учинок со 30 или повеќе поени.
Брилијантниот Дончиќ мечот го заврши со 39 поени и по 10 скока и асистенции со што го собори рекордот на Расел Вестбрук кој имаше пет трипл-дабл натпревари во низа.
Ова беше петти трипл-дабл за Дончиќ во низа со 35 или повеќе поени.
Покрај Дончиќ, во редовите на Далас се истакнаа Кајри Ирвинг со 21 и Даниел Гафорд со 17 поени, колку што имаше и Тим Хардавеј јуниор.
За Пистонс, Кејд Канингем постигна 33 поени и десет асистенции, Симоне Фонтекио додаде 27, а Џејден Ајви и Џејмс Вајсман по 17.
Резултати:
Шарлот – Бруклин 110:99
/Бриџис 24 – Томас 31/
Голден Стејт – Сан Антонио 113:126
/Томпсон 27 – Џонсон 22/
Феникс – Бостон 107:117
/Дјурант 45 – Тејтум 29/
Денвер – Јута 142:121
/Мареј 37, Јокиќ 26 – Џорџ 29/