Полицијата во Денвер се обидува да го пронајде човекот коj на натпреварот меѓу Нагетс и ЛА Лејкерс бил удрен во лице од Страхиња Јокиќ, братот на Никола Јокиќ.
Засега никој не поднел пријава против братот на српскиот кошаркар, па полицијата со преглед на снимката се обидува да утврди кој бил жртва на нападот. Тие бараат од очевидците да помогнат во истрагата, a cелиот случај го проверува и НБА.
Браќата на Никола, Страхиња и Немања Јокиќ биле снимени како учествуваат во инцидентот на трибините на арената Бол во Денвер. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа мешаница на трибините, како и моментот кога Страхиња Јокиќ удира друг навивач.
Ова не е првпат браќата Јокиќ да прават проблеми на натпревар меѓу Нагетс и Лејкерс. Лани во мај тие го провоцираа познатиот актер и голем навивач на Лејкерс, Џек Николсон (87). Тогаш Нагетс ги победија Лејкерс со 119:108 во Лос Анџелес и поведоа со 3:0 во финалната серија на Западот.
Николсон поразот од Нагетс го гледаше од првиот ред, а во текот на натпреварот трпеше провокации од браќата Јокиќ. Јокиќ му дофрли „Се гледаме следната година “ на Николсон и иронично му мавна додека тој ја напушташе салата.
Еден од нив дури и го опцу, а американските медиуми пренесоа дека однесувањето на браќата Јокиќ воопшто не му се допаднало на Николсон.
Nikola Jokic's older brother Strahinja threw a punch at a fan following the Nuggets' 20-point comeback win vs. the Lakers 👀
(via cgallegos67/TT)pic.twitter.com/gjYzt7c1kE
— ClutchPoints (@ClutchPoints) April 23, 2024