(ВИДЕО) Бојан Миовски: Секогаш давам максимум за клубот и за репрезентацијата

Македонската фудбалска репрезентација го оддржа вториот тренинг во турска Анталија, во рамките на подготовките за контролните натпревари против Молдавија и Црна Гора. Репрезентацијата денеска ќе биде во комплетен состав со приклучувањето доцна попладне на Бојан Димоски.

Напаѓачот, Бојан Миовски смета дека овој период е одличен за подготовка на тимот и се надева на позитивни резултати против Молдавија и Црна Гора.

– Секогаш е одлично чувството кога сме во репрезентативниот дрес. Убаво е да се видиме по подолг временски период и да гледаме позитивно на натпреварите кои ни следуваат.

Доколку целта е да играме на големо натпреварување треба да играме со одлични репрезентации и на контролни натпревари. Молдавија и Црна Гора, а потоа и Хрватска во јуни се одличен тест за нас.

Треба да дадеме се’ од себе, да ги слушаме насоките на селекторот, да се фокусираме на стратегијата и, се’ разбира, да се уигруваме за следниот циклус.

Секогаш давам 200 насто за клубот и за репрезентацијата. Ќе ми биде многу драго да почнам да погодувам и во националниот дрес. Различно е чувството кога даваш гол за репрезентацијата и се надевам дека ќе ја искористам шансата ако ми се укаже, истакна Миовски, играчот на шкотскиот Абердин, за интернет страницата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).


 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО