(Видео) Бајно-Гитенс не дозволи изненадување во Дортмунд

Фудбалерите на Борусија Дортмунд на домашен терен го совладаа Ајнтрахт Франкфурт со резултат 2:0 (0:0).

„Милионерите“ не одиграа добар меч, но го имаа во своите редови Џејми Бајно-Гитенс. Доколку Уго Екетике имаше свој ден лесно можеше да се случи бодовите да ги освои тимот од Франкфурт.

Моментот на одлука на овој натпревар се случи во 72. минута, кога резрвистот Џејми Бајно-Гитенс со интелигентен удар го изненади Кевин Трап. Во судиското надополнување, Бајно-Гитенс го постигна својот втор гол на натпреварот и го постави конечниот резулта.

Борусија во следното коло ќе игра против Вердер Бремен, а во Ајнтрахт доаѓа Хофенхајм.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО