Навивачите на Барселона вечерва од стадионот порачаа дека веќе не сакаат да го гледат во своите редови претседателот Жоан Лапорта.
Тој имаше големи ветувања по враќањето на челната позиција во клубот, меѓутоа, времето му отчукува а Барселона не бележи некои драматично добри резултати и имаат доста финансиски проблеми.
Но Лапорта и понатаму ветува доста работи. Најинтересно од се е што не сака да признае дека Барселона не е така моќна на пазарот.
– Ние сме најуспешен тим во светот на спортот. Се разбира дека ќе купиме играчи ако ни се потребни. Нашата филозифија е да откриваме и развиваме таленти.
– За разлика од нас, Реал Мадрид игра валкано против нас, тие се фаворизирани и од судиите. Јас сакам Барселона да освои ЛШ и апсолутно да доминираме на секој натпревар. Не би зборувал многу за Реал, бидејки тие го доведоа Мбапе, повеќе верувам во нашата филозофија, во стварањето на таленти од Ла Масија, порача Лапорта.