Спортист(к)ите почнаа да пристигнуваат во Париз каде што од петок до 11 август ќе се одржуваат Олимписките игри (ОИ) и почнаа да се сместуваат во собите каде што ќе престојуваат.
Таму ги чекаат кревети направени од рециклиран картон, првпат видени на ОИ во Токио 2021. Тие беа наречени „антисекс“ кревети бидејќи, како што беше објавено, кога првпат биле користени, се покажале како преслаби за да издржат каков било вид на интимен однос.
За Игрите во Париз направени се 18.000 кревети со должина од 2,1 метар и со носивост до 200 кгр. Секој кревет ќе има три перници кои треба да го направат поудобен, а секој натпреварувач(ка) ќе може да избере перници според телесната тежина во посебна апликација.
Душеците се изработени од полиетилен, а по ОИ ќе се користат за производство на пластика.Ваквите кревети беа промоворани на ОИ во Токио 2021 година за време на пандемијата на коронавирусот.
Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) тогаш вети дека ќе се обиде да ја „намали“ блискоста меѓу спортистите за време на опоравувањето и одморот. Не е непознато дека спортист(к)ите кои престојуваат во олимписките села честопати прават забави кои завршуваат и со интимни врски.
Тоа поодамна го потврди и британскиот пинг-понгар, Метју Сајед, кој рече дека на ОИ во Барселона 1998 година „за две и пол недели имал повеќе интимни врски отколку што имал во целиот живот“.
Лорен Мишо, директорот на олимпиското и на параолимпиското село, рече дека се надева оти креветите ќе бидат удобни за натпреварувач(к)ите. Австралиските тенисерки ,Дарија Савил и Елен Перез тестираа колку ќе им бидат удобни и колку ќе бидат издржливи и тој тест го објавија на социјалните мрежи.
View this post on Instagram