Веселин Вујовиќ распали: Не е доволно да се бакнуваат грб и удира во гради

Србија загуби со 28:27 од Унгарија во второто коло на Европското првенство во ракомет. Ова ги намали шансите на Србија да се пласира во втората рунда, односно во групата во која би можела да се соочи со Хрватска.

Србија мора да ја победи Црна Гора во последното коло, но таа победа нема да биде доволна доколку Исланд ја победи Унгарија или и земе бод.

Познатиот ракометен тренер и своевремено предовдник на Вардар но и на македонската селекција, Веселин Вујовиќ за српските медиуми накратко ја анализираше српската репрезентација:

-Премногу дозволивме против Унгарија каде одбраната требаше да биде најсилна, ние бевме најслаби. Бенце Банхиди даде 10 гола, во мое време тој немаше да го заврши натпреварот. Тогаш ракометарите на натпреварот одеа со нож во забите. Тоа беше тепачка, војна, борба“.

-Овие играчи денес се навистина добри, талентирани, се борат за својата земја, се гледа желбата, но изгледаат како деца кога одат на училиште, два по двајца. Не е доволно да се бакнуваат грб и удира во гради. Мора да го покажеш тоа и на теренот“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО