Изјавата на Чави најдобро го опишува целиот очај во кој се наоѓа Барселона

Барселона синоќа беше понижена од лутиот ривал Реал Мадрид, па Каталонците денеска тагуваат.

Беше дури 4:1, а Реал го освои шпанскиот Суперкуп, а тренерот на Барселона Чави Ернандез доби многу критики. Многумина прогнозираат дека Ернандез нема долго да остане на клупата на Каталонците, а тој беше искрен по натпреварот.

-Разочаран и тажен, но таков е фудбалот и мораме да се помириме со поразот. Штета е, имавме многу надеж пред натпреварот. Лошо почнавме, потоа можевме да се вратиме во мечот, но пеналот го одреди текот на мечот.

Не се чувствувавме добро на теренот, тоа беше видливо. Реал ни задаваше проблеми во транзиција и контранапади, но така е. Доживеав многу неуспеси во Барселона, но секогаш можам да кажам – Барса ќе се врати, изјави Чави.

На крајот тој им се извини на навивачите, што покажува колку му паднал поразот.

-Одигравме најлошо што можевме, а на крајот ни се случи најлошото можно сценарио. Јас сум одговорен и ги прифаќам сите критики. Продолжуваме да работиме напорно, им се извинувам на навивачите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО