Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, славеше на спринт трката во Мајами.
Холанѓанецот со овој триумф впиша 8 нови бодови, додека седум освои Шарл Леклер од Ферари, кој трката ја заврши на втората позиција, а трет во поредокот беше Серхио Перез од Ред Бул, на кого му припаднаа шест бодови.
Поени во спринт трката освоија уште и Карлос Саинц, Оскар Пијастри и Нико Хулкенберг.
Да потсетиме, трката за ГН на Америка ќе се вози утревечер од 20 часот.