Како почна новата сезона во Формула1, станува јасно дека диригентската палка повторно ќе ја имаат Макс Верстапен и Ред Бул.
Доколку ја задржат предноста од минатата сезона, Ред Бул несомнено и сезонава ќе освои титула, четврта по ред, бидејки едноставно нема кој да им пркоси во резултатите на гридот.
На прашање од новинарите, кого го гледа Макс Верстапен како прв возач кој би можел сезонава да освои една трка во сезоната, Холанѓанецот истакна:
– Верувам дека е дојдено времето Ландо Норис да дојде до својата прва победа во кариерата. Би сакал тој да победи на една трка, добар возач е и мој пријател, порача Макс Верстапен.
Тој не го искоментира Ферари и нивните возачи, но очигледно верува во капацитетот на возачот на Мекларен, Ландо Норис.