Артета нагласи дека допрва доаѓа најважното за Арсенал сезонава

Арсенал одигра синоќа симултанка на гостувањето кај Шефилд Јунајтед, каде што остварија победа од 6:0.

Како беа тргнале „топчиите“, за очекување беше дека Шефилд Јунајтед ќе прими и десет парчиња, но по првиот дел, очигледно некој им рече дека треба да ја спуштат топката и дека победата е обезбедена против екипа која се движи кон Чемпионшип дивизијата.

– Ова беше одлична ноќ, но се уште мора да останеме смирени на земја, пред нас е најважниот дел од сезоната. Мора да бидеме константни во се, мора уште да се подобруваме во играта.

– Никогаш не треба да бидете задоволен, среќен сум што играчите после секој гол се обидуваат да постигнат нов. Фактот што постигнуваме толку голови, а не примаме многу, тоа е добар знак. Мора да го добиваме секој следен натпревар, порача по мечот Микел Артета.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО