Вердер го сруши Баерн во Минхен

Фудбалерите на Вердер направија големо изненадување на Алијанц Арената во Минхен.

Екипата на Бремен победи против шампионот Баерн со 1:0 во натпреварот од 18.коло во Бундес лигата. Стрелец на единствениот гол беше Мишел-Илија Вајзер во 56. минута!

Баварците напаѓаа во текот на целиот натпревар, имаа иницијатива, но не успеаја да најдат пат до мрежата на ривалот.

Избраниците на Томас Тухел ја имаа најдобрата шанса за израмнување во 88. минута, но младиот Матис Тел немаше среќа. По неговиот удар, топката двапати ја погоди стативата со помош на голманот на гостите Михаел Зетерер!

Последен пат Вердер го победи Баерн во 2008 година.

По овој сензационален пораз Баерн заостанува седум бода зад лидерот Леверкузен. Поточно има натпревар помалку одигран. Во следниот натпревар во среда Баерн го пречекува Унион Берлин, тоа е заостанат натпревар од 13. коло.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО