Вердер го избрка Кеита од првиот тим до крајот на сезоната

Германскиот бундеслигаш Вердер Бремен го отстрани од тимот до крајот на сезоната играчот од средниот ред Наби Кеита и му изрече голема финансиска казна. 28-годишниот фудбалер нема да тренира до крајот на сезоната со првиот тим и не смее да влезе во соблекувалната на тимот.

Санкцијата беше изречена откако Кеита откако дознал дека нема да го започне натпреварот против Баер Леверкузен одби да патува со тимот.

Фудбалскиот директор на Вердер, Клеменс Фриц денеска ја потврди одлуката:

– Однесувањето на Наби не може да биде толерирано од нас како клуб. Со оваа акција тој го доведе тимот во тензична спортска и кадровска ситуација и се стави над тимот. Не можеме да го дозволиме тоа. Во оваа фаза од сезоната ни треба обединет тим.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО