Надал со стил се врати на терените и победи во 1. коло во Барселона

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во второто коло на АТП турнирот во Барселона, откако во првото коло го совлада Италијанецот Флавио Коболи со 6:2, 6:3. Натпреварот траеше еден час и 26 минути.

Надал моментално е 644. тенисер во светот, додека Коболи е 62. на АТП листата. Ова беше прв меч за шпанскиот тенисер по пауза од повеќе од три месеци поради повреда. Надал во второто коло на турнирот во Барселона ќе игра против Австралиецот Алекс де Минор. Шпанецот триумфираше 12 пати во кариерата на турнирот во Барселона, последен пат во 2021 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО