Лацио се договори за нова соработка со репрезентативецот Закањи

Откако стана јасно дека нема да го задржат бразилскиот играч за врска Фелипе Андерсон, од Лацио тргнаа во брза операција и го обновија договорот со италијанскиот репрезентативец Матија Закањи, објави новинарот Алфредо Педула.

Договорот со италијанскиот репрезентативец е продолжен до 20 јуни 2029 година. Според новиот договор, фудбалерот ќе добива 3 милиони евра годишно плус бонуси. Закањи очекуваше понуда за продолжување на договорот уште минатата година, кога одигра одлична сезона во која му помогна на Лацио да заврши на второто место.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО