Вардар излезе од опасната зона, нов пораз на Работнички, кикс на Шкендија

Фудбалерите на Вардар со победата над Брегалница (2:0) излегоа од опасната зона. Во ова коло Шкендија испушти предност од два гола против Гостивар, АП Брера лесно славеше над „фенерџијата“ Македонија ЃП, а Работнички доживеа пораз во Кавадарци.

Вардар, победата против Брегалница ја обезбеди во интервал од 180 секунди. Алтипармаковски во 21.минута погоди од пенал, а три минути подоцна Гчишиќ го постави конечниот резултат.

Шкендија не успеа да го победи Гостивар и покрај тоа што со головите на Шала имаше водство од 2:0. Кеинде намали во 86.минута, во 90. Рамадани доби црвен картон, а една минута подцна Кеинде го постави конечниот резултат 2:2.

Тиквеш со головите на Робертињо и Стојкоски го победи Работнички со 2:0. АП Брера во Струмица со три гола во првото полувреме ја победи Македонија ЃП, а Воска на дебито на новиот тренер Срѓан Захаривски одигра 0:0 против Силекс.

Резултати 20. коло:

Вардар – Брегалница 2-0
Шкендија – Гостивар 2-2
Тиквеш – Работнички 2-0
Брера – Македонија ЃП 3-0
Воска – Силекс 0-0

Вчера

Струга – Шкупи 2-2

Табела:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО