Реал Мадрид избегна кикс на домашен терен откако успеа да ја победи Алмерија. Натпреварот заврши со резултат 3:2 со серија прилично дискутабилни судиски одлуки во вториот дел, најмногу во корист на домаќините.
Кралевите ги освоија бодовите против фенерџијата од Ла Лига и покрај тоа што заостануваа со два гола разлика по првото полувреме. Натпреварот го одбележа ВАР технологијата.
Во првото полувреме Алмерија одигра фантастичен фудбал и имаше два гола предност. По 30 секунди игра Рамазани погоди за водство.
Гостите го постигнаа вториот гол во 43. минута кога феноменален волеј од работ на шеснаесетникот упати Гонзалес.
Продолжението носи пресврт, но и бројни судиски одлуки кои му одеа во прилог на Реал и на некој начин им го олеснија патот до голем пресврт на Кралевите.
Најпрво во 56. минута Лос Бланкос доби дискутабилен удар од белата точка, кој Џуд Белингам некако успеа да го претвори во гол.
Шест минути подоцна, Алмерија постигна трет гол, но ВАР-собата повторно повика и беше досуден навистина сомнителен фаул над Белингем, поништувајќи го голот.
Во 67. минута Винисиус постигна гол кој беше поништен, но по прегледувањето на видеото, судијата Маесо покажа кон центарот иако камерите покажаа дека Винисиус игра со рака.
Пресвртот беше завршен длабоко во судиското продолжение кога Карвахал го спаси Реал. Инаку, натпреварот беше продолжен за 13 минути.